„Џонсон Мети“ започна со производство

Bez autora
Apr 15 2010

Започна со работа втората компанија во зоната „Бунарџик“. По „Џонсон контролс“, вчера проработи и британската „Џонсон Мети“. Фабриката ќе произведува катализатори за контрола на емисии. Црвената лента ја пресече лично премиерот Никола Груевски. Тој изјави дека оваа инвестиција е многу важна затоа што нуди нови вработувања, но, главно, заради подобрување на имиџот на земјата за привлекување други странски инвестиции. Изборот на Македонија како место за инвестирање и земја од која ќе се освојува пазарот и побарувачката за автомобилските катализатори на една од најголемите светски компании од оваа област и' даваат на оваа инвестиција уште поголема вредност. Таа е и јасен сигнал за активноста на Македонија како поволна инвестициска дестинација.

„Џонсон Мети“ започна со производствоЗапочна со работа втората компанија во зоната „Бунарџик“.

По „Џонсон контролс“, вчера проработи и британската „Џонсон Мети“. Фабриката ќе произведува катализатори за контрола на емисии. Црвената лента ја пресече лично премиерот Никола Груевски. Тој изјави дека оваа инвестиција е многу важна затоа што нуди нови вработувања, но, главно, заради подобрување на имиџот на земјата за привлекување други странски инвестиции.

„Изборот на Македонија како место за инвестирање и земја од која ќе се освојува пазарот и побарувачката за автомобилските катализатори на една од најголемите светски компании од оваа област и' даваат на оваа инвестиција уште поголема вредност. Таа е и јасен сигнал за активноста на Македонија како поволна инвестициска дестинација“, рече премиерот Груевски. Тој додаде дека инвестицијата на „Џонсон Мети“ се реализираше во период на една од најголемите глобални економски кризи, што претставува голема сатисфакција за Владата, која ќе продолжи да и' биде сигурен партнер и соработник на бизнис-заедницата.

Фабриката ќе користи светска технологија за производство на иновативни катализатори за контрола на емисиите на денешните и на идните генерации возила на лесни и на тешки дизел-горива. Нејзината вредност е 40 милиони евра, а веќе се отворени нови 128 работни места. Првичниот капацитет е производство на четири милиони единици годишно.

„Им се заблагодарувам на премиерот, на Владата, на Агенцијата за странски инвестиции и на технолошко-индустриска развојна зона ’Илинден‘ за огромната поддршка во текот на целиот процес. Сакавме ова да биде првата фабрика со глобален дизајн за „Џонсон Мети“ и верувам дека моментно се наоѓате пред најдобриот објект за производство на катализатори за контрола на емисии во светот“, изјави Лери Пенц, извршен директор на одделот за технологии за животна средина во „Џонсон Мети”.

Пред присутните вчера се обрати и британскиот амбасадор, Ендру Ки, кој подвлече дека ова е најголемата британска инвестиција во Македонија, што е добро за економиите на двете земји и побара грижата за инвеститорите да продолжува и во натамошните години. „Добрата, континуирана грижа за инвеститорите е најдобрата реклама за привлекување на идните инвеститорите“, рече тој.

На новинарско прашање зошто Владата постојано изјавува дека инвеститорите ни се пред врата, а од друга страна ги нема, премиерот одговори дека Владата нема таков став и дека уште земјата не е целосно излезена од кризата. Но, интензивно се подготвува за инвеститорите кога ќе заврши кризата. Груевски истакна дека Владата, главно, е фокусирана на автомобилската индустрија и дека тоа ќе побуди интерес кај повеќе инвеститори откако оваа индустрија во светот ќе заздрави целосно.

Приказната за влезот на „Џонсон Мети“ во Македонија започна во втората половина на 2006 година, а изградбата финализира во ноември 2008 година, кога беше потпишан договор за инвестирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik